Градоначалмникот на Киев, Виталиј Кличко, ги отфрла наводите на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија води специјална операција против нацистите во Украина, дека им помагаат на Русите во Украина…
„Тоа е лага, јас сум најдобар пример. Јас сум половина Русин, мајка ми е Русинка. Живеат милиони Руси во Украина и сега се борат против руската агресија“, истакна тој велејки дека војната не е прашање на националност или религија, туку прашање на вредности.
„Ние не сакаме да живееме со Русите во Руската империја, а главната цел на Путин е обновување на Руската империја. Ние се бориме за подобра иднина за Русите никогаш не ја почитувале нашата желба да бидеме дел од европските семејства и затоа се води оваа војна“, вели градоначалникот на Киев.
Тој тврди дека рускиот лидер планирал да изврши „блицкриг“, односно да ја окупира цела Украина во рок од неколку дена или недели и дека Украинците всушност го изненадиле целиот свет со својот отпор.
„Русите се борат за пари, а ние ги браниме нашите семејства, нашите деца, иднината на нашата татковина и имаме добра мотивација“, рече тој.







