Петдневни ноќни напади со руски беспилотни летала, предизвикаа оштетување на инфраструктурата што доведе до прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.



Водоснабдувањето е зачувано, изјави Кличко утрово.

Киевските власти ги повикуваат жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија откако руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура

Енергетската компанија ДТЕК утринава соопшти дека била принудена да изврши итни прекини на струјата.

Гувернерот на регионот Киев, Олексиј Кулеба, ги повика жителите на главниот град да обрнат внимание на потрошувачката на енергија. „Во моментов гледаме зголемување на потрошувачката на електрична енергија и прекумерно оптоварување на мрежата“, напиша Кулеба на Телеграм.

Кулеба им нагласува на граѓаните дека е важно да не се заборава на разумната потрошувачка на струја, наизменично да се користат електричните уреди и да се користи струјата умерено.