Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, Виталиј Кличко, призна дека сонува да влезе во рингот со претседателот.
На прашањето на новинар на Билд дали ќе го нокаутира Путин, тој одговори: „Секако дека би сакал да го нокаутирам Путин, но тоа е само фантазија“.
Според Кличко, „Путин моментално го доживува својот личен нокаут на фронтот“, каде, како што наведе, украинските војници херојски се борат и нанесуваат тешки порази на руската армија.







