Клековски: „Владата нема легитимитет и доверба од граѓаните, ниту ги исполнува очекувањата – затоа, избори сега!“

„Нова реконструкција на Владата не е решение, та ја имавме пред неколку месеци и не донесе промена. СДСМ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка работа за излез од кризните состојби во четири подрачја: економија, ЕУ-интеграции, здравство и образование. Решението се предвремените избори сега!“ – вели Сашо Клековски, аналитичар и член вна Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Избори сега!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Тој изнесува лични ставови во оваа своја колумна.

Клековски пишува: „Предвремените парламентарни избори се решение за нашата политичка ситуација. Во нормални услови е легитимно опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, да бара предвремени избори, а власта, СДСМ/ДУИ, да одбива такви барања, односно во нормални услови е легитимно политичките актери да го избираат времето кога е најповолно за нив да се одржат изборите. Нормално е СДСМ да сака избори, според нив, откако би повратиле дел од рејтингот, со легитимни и полулегитимни мерки како зголемување на пензиите (откако го укинаа усогласувањето), зголемување на минимална плата (без да се планира усогласување на другите плати), завршување на автопатот Кичево – Охрид, да ја тргнат етикетата на неспособност, или да го тргнат бугарското вето за ЕУ.“

Но во Македонија нема нормални услови, ниту е нормално времето, ниту власта користи легитимни методи за останување на власт. Не е нормално времето, бидејќи се соочуваме со ЕУ-ќорсокак, се наоѓаме во енергетска, економска криза, неизвесна здравствена состојба и многу други кризни состојби. На ‘црниот понеделник’ на 24 декември 2012 година, тогашната опозиција СДСМ протестираше за задолжување од, ако помнам добро, 250 милиони евра, а сега СДСМ/ДУИ како власт планираат задолжување поголемо од една милијарда! Владата сѐ повеќе посегнува по нелегитимни методи во Собранието, или во слободата на медиумите! Но и директно против опозицијата со карикатурни судски случаи како конфискација на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.“

Губењето на легитимитетот на Владата на СДСМ и ДУИ по локалните избори беше пресретнато со оставка на Зоран Заев, премиер, голема реконструкција на Владата и зголемување на владејачката коалиција со Алтернатива. Целта на новата влада е да го пресретне опаѓачкиот рејтинг на Владата и да направи пресврт. Но тоа по 100 дена Влада не се случува.“

„Владата не ги исполнува очекувањата на граѓаните. Некој може да рече дека сликата е црна од аголот на гледање на опозицијата. Бајден, Макрон и Шолц владеат со едни од најмоќните земји на светот со слична поддршка од јавноста! Зошто тоа во Македонија би било причина за оставки и предвремени избори!?“

Затоа што новата влада на СДСМ и ДУИ не направи позитивен пресврт во владеењето. Дека Македонија се движи во правилна насока сметаат помалку од еден од пет граѓани, односно 16,8 проценти и тоа е намалување во однос на 2021 година пред локалните избори, кога 19,3 проценти сметале дека се движи во правилна насока. Тоа се одразува и во пад на довербата на Владата на 34,2 проценти од 38,8 проценти во 2021 година. Од друга страна, стабилна е поддршката за предвремени избори (36,3 проценти).“

Интернет-врска до целата колумна:



https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/izbori-sega/