Клековски: „СДСМ и ДУИ да не ги користат путинизмот и Русија против опозицијата, туку да се насочат кон ЕУ, не заради бугаризација“

„Владата на Македонија ќе ја употреби војната во Украина за свои тесни интереси, за свој политички опстанок на две полиња. Таа ќе се обиде бранот на ‘депутинизација’ на Европа да го употреби во пресметка со опозицијата. И претходно се користеше Путин во нападите врз опозицијата, за што пишував уште во 2014 година во ‘Измислување русофилство’, а за последен пат тоа го правеше ДУИ за АнА околу локалните избори.“ – вели Сашо Клековски, аналитичар и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во својата колумна со наслов „Сакаме европеизација, не бугаризaција, не значи путинизам!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Клековски пишува: „СДСМ-ботовите, но и некои политички коментатори од првиот ден започнаа со прозивки на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и подметнуваа приказни за про-Путин позиции. Наративот е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се про-Путин, опасни се и не треба да им се дозволи да дојдат на власт. Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ има јасни позиции за поддршка на Украина, нејзиниот територијален интегритет и независност. ВМРО-ДПМНЕ поднесе и ќе работи со ЛДП и ДОМ на усогласување декларација за Украина во македонското собрание, што ќе биде еден од ретките моменти на политички дијалог и консензус во Македонија.“

„Се создава претстава дека Македонија и Македонците се про-Путин, што не е точно, и со тоа поддржуваат перцепција на Западот дека Македонија и Македонците не се доверлив партнер и сојузник на НАТО и на ЕУ. Точно е дека има про-Путин сили во Македонија, но тие се на маргините и се незначителни. Одредена видливост на про Путин позиции на Фејсбук и Твитер не може да биде показател на реална и голема поддршка на Путин, бидејќи најголем дел е реакција на лицемерството на Западот кон Македонија.“

„СДСМ и ДУИ треба да престанат со употребата на путинизмот и Русија во пресметка со опозицијата и својата енергија да ја фокусираат за ЕУ како чин на европеизација, а не бугаризација.“ – истакнува Сашо Клековски, покрај другото, во својата колумна.

Интернет-врска до целата колумна:



https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/sakame-evropeizacija-ne-bugarizacija-ne-znachi-putinizam/