Home Македонија Клан ТВ се извинува за лажната вест дека Таравари бил на средба...

Клан ТВ се извинува за лажната вест дека Таравари бил на средба во во ВМРО-ДПМНЕ

Откако Клан ТВ лиферуваше вест преку меил до сите медиуми, во кој се тврди дека лидерот на АА, Арбен Таравари синоќа преговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – денеска со извинување.



„Клан го повлекува вечерашното соопштение и ќе поведе постапка за одговорност кон новинарот кој што неавторизирано испратил маил до други медиуми со непотврдена информација.

Од телевизијата уверуваат дека ќе се истражи дали овој инцидент е намерен од страна на актуелни или веќе отпуштени вработени за да се наштети на телевизијата.

„Се извинуваме на засегнатите страни и на медиумите и во целост ја повлекуваме испратената непотврдена информација“, велат од Клан ТВ.