Клан.М: Касами ја обвини Арифи за сместување милитанти на ДУИ во преобемната администрација – сега пак 18 нови вработувања!

„Во Општина Тетово се огласени 18 нови вработувања. Вработувањата доаѓаат во време кога претседател е Билал Касами, но нив ги реализирала поранешната претседателка Теута Арифи со огласот уште од 1.септември 2021 година.“ – јави ТВ Клан.М.

На својот интернет – портал ТВ Клан.М пишува: „Теута Арифи ја прошири општинската администрација со партиски милитанти на ДУИ’ – ова го имаше изјавено Билал Касами уште во кампањата пред локалните избори лани. Но, сега општината објави оглас за вработување 18 државни административци, главно референти и помлади соработници. Во објавата за огласените нови вработувања се наведува дека тие се активни до 12 јануари 2022 година. Нововработените потоа ќе седнат во нивните фотелји во општина Тетово.“

„Од општина Тетово велат дека овие вработувања не ги планирало сегашното раководство на општината, туку оти планот за тие вработувања е усвоен од советниците на претодниот Совет на општината. ‘Овој план го имаат усвоено советниците од претходниот состав на Советот на опшптината на 1 септември 2021 година! Тоа не се работни места, кои сме ги испланирале ние, туку претходното раководство на за функционирање на институциите на општината.’ – истакнува општина Тетово во своето сооопштение.“

„Градоначалникот Касами за сето време нагласува дека општината е преоптоварена со нефункционални административци. Тој најави и преиспитување на работните договори за 350 административци, од кои дел не одат на работа.“ – потсетува ТВ Клан.М.