На премиерот нема кој да му напише убав збор

Ниту еден позитивен коментар меѓу стотината реакции на твитот на премиерот Ковачевски кој смета дека Македонија се наоѓа пред неповторлива шанса и собранието треба да изгласа уставни измени.



Во сите коментари нема ниту еден со поддршка за премиерот што Ковачевски го прави еден од ретките премиери кои не можат да обезбедат барем неколку коментари со поддршка на своите ставови.

,,Имаме неповторлива шанса во брз рок С. Македонија да стане членка на ЕУ, со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

Владата покажа совесност. На ред е Парламентот. Пред пратениците е државничка одлука. Повикувам на разум, во име на перспективите!”, објави Ковачевски по што почна да добива само критики за својот став.

Expres.mk не ги пренесува навредливите и коментарите кои изобилуваат со сексуални и други лични навреди туку само тие што не содржат навредливи квалификации:

Пак сега кога пола држава е на одмор ќе гласате?

Ќурка готово е!

Кога како деца и тинејџери, читавме и учевме за предавници на сопствениот народ низ историјата, се чудевме и се гадевме како мож да постојат такви луѓе. За жал доживеавме и ние да ги видиме истите. Се надевам дека историјата заедно со Зајко ќе ве учи како најголеми предавници на МК.

Кога веќе постираш нешто, редно е да ги прочиташ и коментарите. Во сите до еден пуздер те праат. И ти уште мислиш дека си најпаметен ?
А бе дај си оставка, не се резили….

Ова не е шанса, ова е пропаст неизгласан премиере!

Брз рок 2050 та 😂😂😂

Смена на Устав *НЕ* нѝ го подобрува животот, туку средување на домашниот башибузук ќе нѝ го подобри животот и даде надеж!

Зошто со толкава упорност се залагате за смена на устав, а празни зборови за корупцијата во државата, немањето правда/судство/обвинитество, образованије..??

Перспективите ги прогласувам за умрено

Димитрие, убо кажвиш, ама перспективата зависит од референтната точка, дај одбери некоја шо не е в нужник и ќе ти се отворат поинакви перспективи 🤣

Заборави да потенцираш: со идентитет од 1944…

Ех море Таче, едно ќе те прашам, дали ги читаш коментарите на твоите твитови? Да сум на тое место јас не би се резилел овде каде никој не те есапи 1%!

Твитот на премиерот со сите коментари: