Академик Катица Ќулавкова со поддршка за адвокатот Тони Менкиноски и за сите Македонци што го поставуваат или веат на јавно место македонското национално знаме со Сонцето од Кутлеш, за што сегашната власт ги прогонува, како застапникот на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.
„Првото државно знаме на Република Македонија не смее да биде предмет на забрана. Историјата не смее да се ретушира и да се фалсификува. Наследената иконографија е знак на колективна свест и љубов и за неа не се преговара. Колку повеќе го забранувате, толку повеќе го љубиме“, порача на Фејсбук книжевната теоретичарка, есеистска, антологичарка, критичарка, универзитетска професорка, поетеса, раскажувач и редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), споделувајќи го плакатот за поддршка на Менкиноски од графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.






