Академик Катица Ќулавкова реагира на извештајот на „Фридом хаус“, според кој Македонија и понатаму е делумно слободна држава.
„Делумно слободна држава, делумно слободни луѓе, делумно македонска држава, делумно Македонци, делумно живи, целосно онеправдани, понижени и навредени, преименувани и прогонети, ова не е држава, ова е очај без крај, ова не е демократија, ова е мафиократија, монета за поткусурување“, објави Ќулавкова на Твитер.
„Веќе сме експериментални глувци, предмет на опсервација, земја на распродажба, чудо невидено. Можат они и повеќе од ова, ама како ние можеме толку долго да трпиме и да молчиме е прашањето? И зошто?“, вели таа во реплика во дебатата што се разви на нејзиниот профил околу претходниот твит.






