Во гостување во емисијата „Што не е јасно“ академик Катица Ќулавкова оцени дека пописот добива политичка димензија зошто во старт се вели дека ако бројот на некоја заедница е под 20% доведува до сомневања кај луѓето и во самата постапка.



„…кај нас уште во старт пописот поприма политички димензии и етнополитички и се вели дека ако бројот на таа заедница е помал од 20% тогаш се вели дека нема да го признаеме пописот и тоа воведува сомневања кај луѓето и сомневања во таа постапка“, рече Ќулавкова во своето гостување.