Академик Катица Ќулавкова реагира за начинот на кој власта настојува да издејствува почеток на преговорите за членство во Европската унија по цена на себеоткажување и понижување.



„Да се откажеш од себе, од вистината и од честа, да се понижиш, да се покориш, да се обезвредниш, само за да добиеш датум на датумот, значи дека не си при чиста свест и совест“, коментира редовниот член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).