Aкадемик Катица Ќулавкова, реагира на различните толкувања на она што е право да се зборува на мајчин јазик, што е „службен јазик , а што должност кон официјалниот јазик во државата – дилеми кои произлегоа од толкувањето на Законот за употреба на јазиците кој беше објавен во „Службен весник“само со потпис на спикерот на парламентот „Талат Џафери..
„Водат држава, а не прават разлика меѓу (малцински) јазични права и должности спрема државниот јазик!
Службениот карактер на албанскиот јазик се однесува на правата на 20% македонски Албанци и не ја укинува должноста тие да го познаваат и да го зборуваат државниот јазик на РМ, македонскиот, напиша Ќулавкова на „Твитер“.





