„Немало и нема да има поголема негација на македонскиот идентитет од онаа што ја прават денес партии од албанскиот блок во РМ“, напиша професорката Катица Ќулавкова по повод барањата на албанските опозициски партии за бришење на зборот „македонско“ од државјанството, кое со договорот со Грција е дефинирано како „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“.
„И Преспанскиот е минорен во однос на нивниот радикализам. Попуштањето значи капитулација на легитимните права на Македонците. Диктатура на малцинството“, напиша Ќулавкова на Твитер.





