Ќучуков: Сега притисокот е пренасочен од Софија кон Скопје

„Постигнатото е добро за Бугарија“, изјави за БНТ дипломатот и поранешен заменик-министер за надворешни работи Љубомир Ќучуков во врска со одлуката на бугарскиот парламент за тргање на бугарското вето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.



„Постојат огромни разлики меѓу првиот предлог за преговарачка рамка и сегашниот, и сите тие ја одразуваат бугарската загриженост и бугарските позиции“, рече тој.

Запрашан чиј успех е вчерашната одлука на Народното собрание за укинување на бугарското вето за преговорите за членство на Македонија во ЕУ по предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ, тој рече дека „бугарската дипломатија е една и тоа беше успех за бугарската дипломатија“ иако имало некои несогласувања во самата Бугарија, пренесе Њуз.бг.

Тој прецизираше: „Станува збор за официјалните позиции на Бугарија, усвоени и со рамката и со декларацијата на бугарскиот парламент од 2019 година.

Дипломатот додаде дека овие позиции се максимално заштитени.

Според него, вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ, а не само во преамбулата, не го решава проблемот со нивните права, туку создава дополнителни проблеми.
„Во практика тоа значи дека со прогласувањето на Бугарите и луѓето со бугарска самосвест за државотворен народ, односно за дел од македонската нација – постои автохтоно локално општество кое нема бугарски корени. Во пракса , ова е толкувањето што може да се направи по ова прашање“, објасни Љубомир Кјучуков.

Дипломатот рече и дека по почетокот на преговорите, Република Македонија треба да го подготви и испрати својот акционен план во Брисел и ЕУ да го врати со референци, чија имплементација ќе се следи, што вообичаено трае околу две години, што е приближно времето кое Македонија го има за неопходните измени во својот Устав.