Бугарскиот дипломат Љубомир Кјучуков смета дека односите меѓу Бугарија и Македонија се на најниско можно ниво.
„Повеќе не се бориме со јазик на омраза, туку со дела“, вели тој алудирајќи на инцеидентот на граничниот премин Деве Баир во саботата кога тројца бугарски граѓани влегоа во директен конфликт со македонски полицајци по што беа приведени, а од судот добија казни и забрана за влез во земјата.
Според него, веќе половина од населението на Македонија ја смета Бугарија за непријателм, а за тоа е виновна бугарската надворешна политика и наметнувањето вето за членството на РСМ во ЕУ.
„Тоа што РСМ не е во право за историјата не значи дека се однесуваме правилно во политиката“ посочи Ќучуков.
Францускиот предлог ја префрли топката во скопскиот терен, вели тој и потсетува дека во која било фаза од преговарачкиот процес, Бугарија може да го блокира членството во на Македонија во ЕУ, пренесува Њуз.бг
Тој вели дека проблемот е што Софија реагира на настани и инциденти, наместо да води долгорочна политика.
„Водиме реактивна политика’, убеден е Љубомир Ќучуков.
Историчарот проф. Христо Матанов очекува „провокациите“ да продолжат како дел од тензиите меѓу Бугарија и РСМ.
„Во Бугарија нема претепани и уапсени Македонци, посочи тој, за разлика од претепаните Бугари и македонски државјани со бугарски идентитет“.
Според него тоа покажува дека, Македонија не сака да биде дел од ЕУ.
„Работата на историската комисија напредува многу бавно“, вели Матанов и истакна дека се добива впечаток дека комисијата не работи.







