Македонија во рок од две недели до парламентот ќе ги достави уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот.



Ова го соопшти европратеникот Илхан Ќучук, известувач за напредокот на Македонија кон ЕУ, цитиран од bTV.

Во Скопје европратеникот добил гаранција дека уставните измени ќе влезат во парламентот, јавува News.Bg.

„Или оваа или следната недела, конкретните предлози треба да бидат доставени од работна комисија до Владата и, соодветно, да бидат разгледани во македонскиот парламент“, рече тој.

Ќучук негираше дека му вршеле притисок да го одложи гласањето за есенскиот извештај.

Минатата недела европратениците не се согласија во него да се вклучат теми од билатералните односи меѓу Бугарија и Македонија.

“Немаше притисок од ниту една земја, ниту бугарска, американска, ниту македонска, ниту пак некој од моите колеги вршеше притисок“, посочи Ќучук.