Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук тврди дека има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Македонија да бидат во добри односи.



„Тоа се сите оние луѓе кои не сакаат РСМ да биде дел од Европската Унија. Тоа се оние кои не сакаат нашата земја да има влијание, бидејќи наметнувањето на вето значи дека Бугарија нема пријатели на Балканот, во ЕУ“ , изјави европратеникот Илхан Ќучук за бТВ.

Тој смета дека Бугарија мора да инсистира во Македонија да има владеење на правото и високи демократски стандарди.

„Сè додека не се признаваат правата на луѓето кои се сметаат за Бугари во РСМ, тензијата ќе продолжи“, вели Ќучук.

Тој е категоричен дека имаме интерес меѓу Бугарија и РСМ да нема ѕидови, туку да се градат пријателства.

„Треба да се поттикнат сите обиди за намалување на тензиите, а тоа не се однесува само на бугарската држава, важи и за Скопје“, нагласи тој и смета дека Бугарија не треба да ги прекине врските со РСМ.

„Наместо тоа да го правиме, треба да најдеме решение за проблемите“ вели европратеникот.

Во интервјуто Ќучук искажува незадоволство од статусот на Бугарија во ЕУ:

„Ние сме во ЕУ веќе 17 години и не можеме да се приклучиме на блок за важните теми, вклучително и обезбедувањето воена помош за Украина, како и во клучните реформи на ЕУ“. Според европратеникот, нашето ниво на учество паѓа, а нашиот капацитет е многу слаб. Нашата земја е секогаш на 27 место и никогаш не предлагаме иницијативи, не учествуваме во блокови, не одиме со предлози до Европскиот парламент“, вели Европратеникот како што пренесуваат бугарски медиуми.