Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук не гледа потреба Македонците да влезат во уставот на Бугарија, бидејќи се работело за два различни концепта на Уставот.
Тој не одговори околу правата на Македонците во Бугарија, туку нагласи дека до решенија ќе се дојде заедно со образовната, културната и инфраструктурата поврзаност.
Запрашан дали е можна европска перспектива и решение, ако од бугарска страна се негира македонското малцинство, а се баре вклучување на Бугарите во Уставот, Ќучук истакна дека такво барање има не само од Бугарите, туку и од Хрватите и Црногорците
– И тие бараат да бидат запишани во Уставот на Република Северна Македонија. Тоа треба да се случи на еден разумен начин и во рамките на процедурите. Процесот е долг, но гледам дека има желба за разговор за оваа тема, истакна Ќучук.
Вчера бугарскиот премиер не одговори дали го знае Илхан Ќучук и изјави дека немал средба со известувачот на ЕП за Македонија и покрај интензивираните контакти со Скопје.







