Ќучук: Бугарија е ЕУ, а ако Македонија не го промени Уставот…

Известувачот н а Македонмија во Европарламентот вели дека „доколку * Македонија не го промени својот устав, не гледа причина да го стави на гласање извештајот за напредокот на Скопје.



Ова ја нагласува потребата да се почитуваат правните и политичките обврски на земјите кои сакаат да станат дел од Европската унија“, пренесуваат бугарски медиуми.

Тој вели дека една Унгарија и Словачка не можат подобро да ги разберат проблемите на Западен Балкан од Бугарија и постети на веќе истрошената фраза дека „Бугарија беше меѓу првите земји што ја признаа Македонија по југословенскиот режим“.

Во интервју за за БНТ, Ќучук ја истакна важноста од почитување на правата на бугарските граѓани кои живеат во Македонија…

Тој им го подигна духот на бугарските граѓани дека „бугарското општество долги години ја доживува Европската Унија како нешто надворешно и дека е на мислење дека важните одлуки се носат надвор од националниот поглед на Бугарија.

Според него, станувало збор за недоразбирање за важноста на ефективна работа во рамките на ЕУ за заштита на бугарскиот национален интерес, со тоа што „Бугарија е застапена во европските институции и таму се носат одлуки со учество на бугарскиот премиер, министерот за надворешни работи и други бугарски претставници“.