Ако немаме гаранции дека ќе бидеме примени во Шенген, не треба да се согласиме на делумно прифаќање на Шенген по воздушен пат како што предлага на Австрија, изјави европратеникот Илхан Ќучук пренесуваат бугарски медиуми



Според него Бугарија е дека ги исполнува сите критериуми.

Идејата, колоквијално позната како „Ер Шенген“, би претставувала делумно членство во зоната за движење без пасоши, која во моментов опфаќа 27 земји, вклучително и 23 земји од Европската унија и над 423 милиони граѓани.

Граничните проверки на копнените граници со другите земји од Шенген зоната ќе останат на сила во догледна иднина.

Европската комисија, која постојано и напорно ја бранеше подготвеноста на Романија и Бугарија да станат членки на Шенген, брзо ја поздрави „маслиновата гранка“ (предлогот од Австрија) и објаВИ дека веќе се водат разговори за „воздушниот шенген“ да стане реалност.

Австрија поставува дополнителни услови кои не се дел од заедничките услови и се обидува да го затвори прашањето до крајот а бугарското опримање во Шенген не е на дневен ред на европската политичка елита, коментира Кјучук.

Кјучук истакна дека ако Австрија сака дасе проверува сите што ја минуваат бугарско-турската или бугарско-романската граница, тоа би значело уште покомплицирана ситуација.