Повеќе закана, отколку совет е изјавата на известувачот за македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук, дека без без промена на Уставот, С Македонија не може да ги започне преговорите со Европскта унија, туку напротив, постои реален ризик од одвојување од Албанија на патот кон Европската унија.



„На тој начин, Албанија ќе напредуваа, а Македонија ќе остане во групата со земјите кои имаат сериозни проблеми со своите соседи како Србија, Косово и Босна и Херцеговина“, вели Ќучук за БГНЕС.

„Тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа, можност Украина всушност да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен – дали Република *Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествените односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ за во ЕУ“, вели Ќучук.

Според него, во С Македонија нема единство околу целта на државата за влез во унијата, па затоа се игра со стравовите дека некој ќе постави дополнителни услови на земјава во понатамошниот процес на интеграција во Европската унија.

„Ова се условите и двете страни се договорија – Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското Народно собрание. Отсега овие договори мора да се исполнат“, вели европратеникот Ќучук.