За разлика од нејзината мајка Ана Пановска која е бранител на владата и позицијата од унилатералната декларација за македонскиот јазик нејзината ќерка застана контра скандалозната изјава на власта.
Македонистката Искра Пановска Димкова е една од македонистите кои сметаат дека изјавата на владата за македонски јазик само од 1945 година и само на територија на Македонија е неприфатлива.
Таа е член на советот за Македонски јазик и една од тројцата членови кои јавно се изјаснија против владината позиција за јазикот.
Советот кој го води Људмил Спасов не открива дали реакцијата на ова тело со која се брани владата е поддржана од сите девет члена или само од неколку под контрола на Спасов.
Пановска – Димов на Фејсбук го искажа својот јасен став против владината реакција.
,,Штета е ваков голем ден кога македонскиот јазик за првпат се слушна во Советот на Европската Унија, да се извалка со Владината изјава за македонскиот јазик, невидена и непроверена од ниту еден македонист. Ова не смее да се премолчи: литературниот македонски јазик се базира врз централните говори на западномакедонското наречје, НО македонскиот јазик со своето богатство – своите дијалекти се протегал и се протега многу пошироко од територијата на денешна Република С. Македонија”, напиша Искра Пановска Димкова.
Наспроти неа, нејзината мајка Ана Пановска која важи за еден од најголемите провладини радикали и апологети на СДСМ смета дека бугарскиот протокол не е штетен за Македонија.
,,Освен нашата обврска за промена на Уставот, во тој протокол нема ништо друго што паѓа само врз наши плеќи. Другото е буквално реми. Од каде им на вмровциве дека со протоколот ќе се менувале само нашите учебници?”, пишува мајката за протоколот додека нејзината ќерка смета дека владата греши за начинот на кој што го прикажува македонскиот јазик под влијание на протоколот со Бугарија.





