Мекдоналдс од денеска заминува од Босна. Голем неуспех за капитализмот и голема победа за ќебапите. Среќна Нова година на сите. Сакаме да гледаме како американските синџири пропаѓаат во Европа.
Ова е оценката на босанскиот комуниколог Арнеса Буљушмич Кустура.
,,Нема да не спасат либералите од Босна и Херцеговина. Мекдоналдс не е корпорација која ни користи нам, на луѓето, на земјата…. Се потпира на евтина работна сила, евтина стока и тоа го прави на сметка на локалната заедница и локалните ресторани. Ако навистина се грижевте за БиХ, би го поддржале локалното”, анализира Буљушмич Кустура по одлуката на светскиот гигант да ја напушти Босна и Херцеговина.
Познатиот бренд веќе дваесетина години е заминат и од Македонија.






