Откако предходно ТВ Алфа се соочуваше со повеќе други истраги што првично јавно ги најавуваше СДСМ, власта преку обвинителството прави уште еден обид да се затвори телевизијата со најголем раст во Макеоднија.
Кратко време откако новинарот на телевизијата Горан Момироски за три месеци доби 5 кривични пријави а еден вработен беше гонет за наводно даночно затајување
критичката телевизија кон власта се соочува со ново обвинение за даночно затајување.
Сега обвинети се една од фирмите што ја поседува фирмата-сопственик на телевизијата, како и нејзиниот управител кој е унгарски државјанин.
Од Скопското обвинителство, за БИРН, потврдиле дека во февруари годинава, до Кривичниот суд испратиле обвинителен предлог за фирмата „ЦХС Инвест груп ДООЕЛ“ и за нејзиниот управител, Питер Шац, бидејќи затајувале данок.
Шац е мнозински сопственик на фирмата „Таргет Медиа“ што ја поседува фирмата ЦХС Инвест Груп, која, пак, е една од четирите фирми, сопственички на телевизијата Алфа.
Обвинението е за временскиот период од eдна календарска година.
,,Според обвинителниот предлог што е испратен до судот, обвинетите „давале лажни податоци за факти од влијание за утврдување на даночните обврски“, односно не уплатиле данок на добивка.
Со тоа го оштетиле буџетот за 922.793 денари, односно за околу 15 илјади евра”, пишува БИРН.
Истрагата за обвинетите била отворена во 2019 по кривична пријава од финансиската полиција која ја раководи Арафат Муареми кадар на СДСМ за кого исто така се водат истраги за можен криминал
Бидејќи станува збор за обвинение за кое се пропишани скратени рокови, обвинетите не мора да бидат сослушани во Обвинителството што значи дека пресудата може да биде донесена во отсуство на странскиот државјанин.
Повеќе на БИРН






