Ќе згасне ли Скопскиот џез фестивал?

Скопскиот џез фестивал,  една од водечките културни манифестации во Македонија информира дека одржувањето на јубилејното 40-то издание на фестивалот е доведено во прашање и дека се прекинати сите подготовки за него.



Во реакцијата на Фејсбук, организаторите велат дека со вчудоневиденост ги прочитале јавно објавените резултати на Министерството за култура по Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2021 година од областа на музичко-сценската дејност. Според овие резултати на 40. Скопски џез фестивал драматично му се скратуваат средствата, (слично и за ОФФест, кој исто така годинава одбележува јубилеј – 20 години), враќајќи ги на ниво од втората половина на деведесеттите години, велат од Скопскиот џез фестивал.

ПОВЕЌЕ