Позицијата амбасадор на Македонија во НАТО останува празна иако најавите беа дека до самитот на Алијансата (на почетокот на декември) ќе биде испратен амбасадор.
Процедурата за избор на амбасадори, меѓу кои и за Алијансата, е заглавена во владата каде не можат да се усогласат околу имињата. Неофицијално се донава дека ДУИ поставило ултиматум сите амбасадори етнички Албанци да бидат од ДУИ, дознава Телма.
„Јас се надевам дека координациите во рамки на валадата ќе завршат наскоро, можеби и наредниве недела или две(…) До овој момент немам никаков предлог на хартија. Се надевам дека тие внатрешно-владини координации ќе завршат наскоро“ вели претседателот Стево Пендаровски.
Министерот за надворешни, Никола Димитров побара деновиве да ја завршат постапката за именување на амбасадори, особено во НАТО, каде би било крајно несериозно да станеме полноправна членка со вршител на должност.
Над 20 амбасади меѓу кои и оние во САД, Италија , Холандија, Русија, Кина, НАТОвеќе подолго време немаат амбасадор.




