,,Ќе видиш ти кој сум јас”: Моќник преку партија ја избркал од работа затоа што го спроведувала законот

Политички или бизнис моќник преку членови на управен одбор на јавно претпријатие на општина Центар избркал од работа вработена која се обидела да го спроведе законот и да наплати паркирање.



,,Првата одлука на новиот управен одбор на Паркинзи на општина Центар (ПОЦ) е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување,

3 гласа ЗА од Сдсм
2 гласа Против од Левица и Шанса за Центар

Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со “ќе видиш ти кој сум јас”
Па да видиме кој е тој!”, пишува советникот на Левица во Центар Игор Димески.

На забелешката дека Левица помогнала на СДСМ да го формира Управниот одбор и гласал за претседавач од СДСМ Димески вели дека тоа бил единствен начин да се има контрола на работата на УО и да се откријат вакви неправди.

Димески ветува дека наскоро ќе се дознае името на моќникот.