Хаос, нервоза, недочични пцовки и безобразни коментари во Општина Карпош каде се води битка за бетонизација на Општината, особено кај поранешната фабрика „Алумина“, каде според планот на Стевчо Јакимовски треба да никнат бетонски чудовишта кои ќе ги гради нафтената компанија „Пуцко Петрол“ на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, објави Алфа. Станува збор за најмалку шест згради од кои две 35 катници, проект вреден над 250 милиони. Поголемиот дел од советниците се против овој план за кој сметаат дека ќе го уништи просторот.

– Затоа прашуваме дали целта на ова вонредна седница е донесување на Програмата за урбанистичко планирање, што е уште една манипулација по секоја цена да се протне фамозниот ДУП за Алумина, како и сите останати ДУП-ови во општина Карпош кои што се на агендата на градоначалникот и таканаречената урбана мафија?
Дополнително, спорно е што целиот план според советниците се носи во забрзана и процедура на локација каде што се бараше да има зеленило. Ама затоа советникот од Гром, го бранеше ДУП-от.

Опозициските советници реагираат дека градоначалникот брутално ги злоупотребува своите вработени, односно дека целата администрација е присутна на седницата на Советот на општина Карпош.
Инаку, Планот во моментов е на јавна анкета, а анкетни листови можат да поднесат само сопствениците на земјиштето.





