Политичкиот директор на Орбан: Ќе бидат потребни најмалку 70 едногласни одлуки
Балаш Орбан, политички директор на премиерот Виктор Орбан го коментираше за отворањето на пристапните преговори со Украина.
„По опсежни преговори, Унгарија одлучи да ја напушти салата за состаноци и да се воздржи од гласање – да не се меша во исходот, туку да избегне соработка во она што сметаме дека е погрешна одлука“, рече тој во објава на социјалните мрежи.
„Согласноста на Европскиот совет претставува принципиелна одлука. Тогаш земјите-членки исто така мора едногласно да се договорат за посебна преговарачка рамка.
„Покрај тоа, ќе бидат потребни најмалку 70 едногласни одлуки во текот на следните години за да се потврди пристапот на Украина во ЕУ“, објасни тој.
Во врска со вчерашното отсуство при гласањето Орбан сними порака и ја објавил на социјалните мрежи
„Позицијата на Унгарија е јасна: Украина не е подготвена да започне преговори за членство во ЕУ. Тоа е сосема бесмислена, ирационална и погрешна одлука да се започнат преговори со Украина под овие околности“, рече тој.
„Унгарија нема да го промени својот став. Од друга страна, 26 други земји инсистираа да се донесе оваа одлука. Затоа, Унгарија одлучи тие 26 земји да одат по својот пат. Унгарија не сака да има удел во оваа лоша одлука и затоа Унгарија денеска не учествуваше во одлуката“, додаде тој.






