Висок американски функционер изјави за новинарите дека украинската војска ќе помине неколку месеци на обука за користење на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“, кој американската влада официјално објави дека ќе му го достави на Киев.
„Патриотот бара обука и веруваме дека ќе бидат потребни неколку месеци за украинските сили да ја добијат потребната обука за успешно да го користат“, цитира CNN неименуван извор.
„Нашата цел е да и помогнеме на Украина да го зајакне интегрираниот, повеќеслоен пристап кон воздушната одбрана“, додаде официјалниот претставник. „Патриотот ќе го надополни опсегот на системи со среден и краток дострел што ние и нашите сојузници ги обезбедивме во претходните пакети за помош“.







