Ќе трча ли и Љубчо Георгиевски за шеф на државата?

ВМРО-НП и Граѓанско-демократската унија разговараат за заеднички кандидат на претстојните претседателски избори, дознава Плусинфо.



Заедничкиот кандидат ќе се избира помеѓу претседателот на ВМРО-НП и, Љубчо Георгиевски, професорот на Електро факултет и поранешен амбасадор на Македонија во  Германија, проф. Горан Рафајловски и поранешниот портпарол на Министерството за одбрана и Владата на Георгиевски, Ѓорѓи Трендафилов, кој во моментот е претседавач на Националниот Комитет на ГДУ,дознава Плусинфо.