Денеска во кинескиот град Фуџоу се одржува 44-та сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на која ќе се расправа за по нацрт-верзијата на одлуката во која се нотирани слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно, односно културно наследство прогласени за светско богатство.
На сесијата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, ќе се расправа по Предлогот регионот да биде впишан на листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност.
34 организации и граѓански здруженија од Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на листата на светски наследства во опасност.
Ова не значи бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот.







