Името на Цнетанка Ласкова е едно од трите имиња кои се споменуваат за можни наследници на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми, за кој се вели дека се повлекува поради здравствени причини, дознава „Телма“.
Ласкова е актуелен посебен советник за култура на премиерот Заев, долгогодишен координатор на Форумот на жени на СДСМ, а беше вклучена и во ревизијата на Годишната програмата за култура.
Покрај нејзиното име се споменуваат и Аднан Џаферовски од Дирекцијата за заштита и спасување, како како и министеротбез ресор, Едмонд Адеми.
Новиот министер ќе се знае по претседателските избори.





