Под притисок на јавноста, Општината Маврово Ростуше донесе решение со кое на инвеститорот „Радика резорт“ му се наложува во рок од 15 дена да ги отстрани 9 дивоградби изградени под хотелот „Радика“, дознава МКД.МК
Планот на инвеститорот бил тука да се изградат 87 типски куќи, а изградбата на првите девет без одобрение продолжила и после март кога бил направен првиот инспекциски увид..
На 15 септември бил извршен уште еден увид од страна на градежните инспектори, но изградбата продолжила.
Во решението на општината пишува дека доколку инвеститорот сам не ги урне нелегално изградените објекти, тоа ќе го стори општината, но трошоците ќе мора да ги намири инвеститорот.







