Ќе се трошат ли уште пари за автопатот Кичево-Охрид!?

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, не е сигурен.



„Ние во моментот имаме договорена цена, јас не можам да прејудицирам за пониска или за повисока цена. Можам да го кажам тоа што го имаме како договор помеѓу државата и изведувачот“, вели Бочварски, пренесува Алсат.

Последниот договор со кинеската Синохидро достигна 598 милиони евра, а автопатот кој почна да се гради во 2014 година се уште не е завршен.

Министерот се надева работите да завршат во предвидениот рок односно на крајот на оваа година.

„Очекувам да продолжат со засилено темпо градежните работи во текот на оваа година, секако со отворањето и подобрувањето на временските услови…“, додава Бочварски.