Не стивнуваат реакциите од јавноста, синдикатите и работниците околу негодувањата и потпишувањето на новиот Општ колективен договор кои во текот на следната недела се очекува да се стави потпис. 10% раст на платите во септември и 10.000 денари К-15 за сите во јавниот сектор. Здравство и образование се незадоволни. Од СОНК велат дека процентот е мал и не го покрива растот на трошоците за живот кој изнесуваа 14%. На состаноци со министрите за труд и финансии ги убедуваат зголемувањето да биде повисоко.

Од ССМ пак објаснуваат дека договореното е дел од Општиот колкетивен договор, а секој синдикат посебно може да бара и преговара за повеќе. Трендафилов сепак потсетува дека одредени сектори во јавната администрација веќе добија зголемување.
Во ресорното министерство се финализира текстот на новиот колективен договор. Министерката Тренчевска потврдува дека се пристигнати нови барања од незадоволните синдикати и ќе бидат разгледани.

На последниот состанок на ЕСС, владата и синдикатите си подадоа рака за 10% повисоки септемвриски плати и К15 во висина од 10 илјади денари до крајот на годината. Просечната плата ќе стане основица за примањата, како што бараа, од март 2025тата година. Оттогаш и регресот за годишен одмор ќе им изнесува 30 отсто од просечната нето плата.





