Собрани се 20 пратенички потписи за предлогот Талат Џафери да биде избран за старо-нов претседател на Собранието, но засега сѐ уште виси потребното мнозинство за избор на собранискиот спикер, брифира за Плусинфо пратеник и висок функционер од СДСМ.
Идејата да се оди со предлог од најмалку 20 пратеници е за да се избере за еден ден, а не преку Комисијата за избори и именувања која се уште не е избрана аи каде комисиската расправа не е временски ограничена, пишува Плусинфо, а дури потоа предлогот од Комисиајта да оди на пленарна седница.
Од мнозинството се уверени дека изборот на Џафери ќе биде утре. Сепак, според собраниски извори до вечерва сѐ уште власта го нема потребното мнозинство од 61 пратеник за избор на претседател на Собранието.
Собраниски извори брифираат дека лидерот на ДУИ до утре ќе треба да го убеди Изет Меџити и уште еден пратеник од ДУИ да гласаат.






