„Во Град Скопје постојат два смешни проекти. Едниот е оној јајце на Коце Трајановски, што беше предмет на исмевање во јавноста. Вториот е за проширување на Универзална сала кој чини 17 милиони ева, но со него ниту ќе се зголеми капацитетот, ниту квалитетот на концертната сала. Ќе добиеме едно фасадирање што беше карактиристика на мината власт“, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.



Тој најави конкурс за нов проект според кој ќе се гради комплетно нова Универзална сала, а сегашната сала ќе се урива и ќе се гради нова.

„Во буџетот на Владата се предвидени средства за Универзална сала. Моите очекување се во втората половина на наредната година да завршат сите постапки и да почнеме со градба на објектот“, рече Шилегов како што пренесува СакамДаКажам.