Ќе се осмели ли Антикорупциската комисија да тргне против најмоќниот човек во владата за што има јасни докази

Со криењето на промената во анкетниот лист на лидерот на ДУИ и пратеник Али Ахмети го крши Законот за спречување на корупцијата за што треба но не е гонет од Антикорупциската комисија.



Ахмети според неговиот имотен лист со непријавување на имотот на неговите блиски роднини прави прекршок за кој е предвидена парична казна во износ од 500 до 1.000 евра.

Но досега за јавниот случај на криење имот во анкетен лист Државната комисија за спречување на корупцијата не покренала случај за Али Ахмети, тврдат извори од таму кои не исклучуваат дека по најновите информации објавени од медиумите пред се од емисијата Код на Снежана Лупевска ќе се покрене предмет за лидерот на ДУИ.

Основата за случај против Ахмети е што тој како пратеник не извршил промена во анкентниот лист да ги пријави фирмите на син му, ќерка му и зет му кои живеат со него иако според законот мора да ги пријави.

Дали ДКСК ќе има сила и интегритет да тргне да го спроведува законот против најмоќниот политичар во владината коалиција е прашање на кое многумина граѓани но и странски дипломати чекаат одговор.

Што има во анкетниот лист на Ахмети во следниот текст

Синот вози Порше, сватот Ролс Ројс, зетот и внукот вртат десетици милиони евра, ќерката живее во 233 м2 а Ахмети формално е еден од најсиромашните политичари