За трите платформи на Матка, за кои градоначалникот Беџети потврди дека се дивоградби,  се поднесени барања за легализација, информираат од општина Сарај, но не се прецизира дали постапката за тоа е започната, дознава Телма.



Можни се 2 опции за натамошната „судбина“ на платформите а тоа ќе зависи од извештајот што општината ќе го достави до државниот инспекторат.

Доколку во него е наведено дека е во тек постапка за легализација, инспекторатот не може да превземе ништо додека трае постапката.

Доколку како заклучок е наведено дека станува збор за дивоградби за кои не се води постапка за легализација, ќе му предложат на министерството за транспорт и врски да ги одземе ингеренциите на Општина Сарај.

Општината има рок од пет дена да да излезе на терен во Кањонот Матка и да достави извештај за статусот на поставените платформи по барањето од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.