Остануваат уште 48 часа пред МВР согласно протоколите да ги избрише видео снимките од надзорот на системот Safe City или Безбеден град од кои може да се види дали човекот и сопатничката што бегале од полицијата пред 23 дена се командант на специјалната единица Тигар и негова колешка.
При бегството во кое беа повредени тројца полицајци од кои еден потешко бегалците ставиле во опасност животи на полициски припадници поради што тие се соочуваат со сериозни кривични дела за кои следува казна затвор.
Доколку Обвинителството или МВР во своја истрага не повело предмет за скандалот и не поднесле кривична пријава тогаш МВР може да ги избрише снимките и трагите со што случајот може да биде прикриен.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски јавно побара од МВР да открие дали бегалецот е командантот на Тигар.
Стоилковски објави слика од возилото кое го време додека траела потерата по бегалците се движело по истата рута.
Возилото е бела Шкода Октавија со затемнети стакла каква што за службени потреби возат високи функционери во МВР.
Според достапните информации возилото е снимено од повеќе приватни видео камери на маршутата на бегството и се чека да се види дали МВР ќе ги избрише снимките од Сејф Сити по што јавноста ќе биде запозната со повеќе детали од скандалот.
Дополнително според непотврдени сознанија од медиуми е идентификувана и документирана сегашната локацијата на возилото и луѓето кое учествуваат во негово прикривање.
На потег се министерот Спасовски и неговите колеги кои најверојатно поради политички притисок од високи владини кругови наводно не можат да ги најдат сторителите и возилото.
МВР досега ако сакаше можела да ги најде сите возила што одговараат на Шкодата Октавија со затемнети стакла и лесно да утврди за кое возило се работи.
Ниту МВР ниту Јавното обвинителство досега не објави дали земале изјава од командантот на единицата Тигар кој е посочен како можен сторител. Изјава официјално не е земена ниту од неговата сопатничка за која на социјалните мрежи и беше откриен идентитетот и јавноста веќе дозна која е.
Цели 13 дена по настанот командантот на Тигар и МВР официјално не демантираа дека се работи за човек чин близок роднина е дел од околината на премиерот Заев.





