Ќе протече ли нафта по нафтоводот Скопје – Солун по повеќе од една деценија?!

Потенцијал за испорака на милион тони дизел за Македонија и Косово и бројни придобивки за сите страни. Со ова се пофалија надлежните и на истото го базираат барањето за повторно да проработи нафтоводот Скопје – Солун.



Регулаторна комисија за енергетика потврди дека пристигнато е барање за добивање лиценца, од страна на Вардакс – претпријатието кое стопанисува со нафтоводот.

Временскиот период за кој се бара издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод е 35 години. Ова го велат од РКЕ, а од менаџментот на „Нафтовод“ уверуваат дека освен финансиски придобивки, земјата ќе добие и поевтина и поквалитетна нафта.

Има процедури и потреба од носење на одредени подзаконски акти и оттогаш започнува да тече целиот процес, објасни управителот на „Нафтовод“. Треба да се добијат сите дозволи навремено и да се утврди транспортната цена од македонска и грчка страна.

Во тој случај, за 3 до 6 месеци ќе отпочне да тече целиот процес и да проработи нафтоводот повторно, со полна динамика. Нафтоводот е затворен од 2013 година кога од страна на Хеленик Петролеум оценија дека неговото работење е непрофитабилно.