Путин, Меркел и Макрон разговарале за изгледите за регистрација и за испорака на руската вакцина во Европската унија како и за заедничко производство во земјите на ЕУ соопшти Кремљ, пренесува ТАСС.
Кабинетот на Макрон потврди дека францускиот претседател и германската канцеларка разговарале со рускиот претседател Путин за соработка во врска со вакцините, објави Ројтерс.
„Спутник V“ сѐ уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), но неколку членки на ЕУ веќе почнаа да ја користат.
Руската фармацевтска фирма „Р-Фарм“ планира да почне да ја произведува вакцината во германскиот град Илертисен од јуни или јули.







