Владата понуди 10 проценти зголемување на платите на наставниците и професорите во основното, средното и високото образование кое би стартувало од април.
Овој предлог бил понуден од премиерот Зоран Заев и министерот за образование Арбр Адеми на средбата со претставникот на СОНК Јаким Неделков.
Дпоред Неделков, за ова сепак ќе треба да решава синдикатот и одговорот ќе се знае до крајот на неделава.
СОНК бараѓше зголемување на платите за 25 проценти, со закана дека доколку не биде исполнето ќе биде организиран генерален штрајк.





