Ќе поскапуваат и храната и струјата: Војната во Украина нов „шок“ за македонската економија

Понизок економски раст, па и рецесија во некои земји ќе бидат неизбежен ефект од војната во Украина, прогнозираат аналитичарите. Централните банки не се сомневаат дека конфликтот ќе значи и негативен економски удар, но засега е неизвесно колкав ќе биде тој. Тоа секако ќе зависи од времетраењето на воените дејствија односно дали набрзо почнатите преговори ќе водат до мир. Македонија не е изложена многу економски кон Русија и Украина, но трговската размена со руската федерација воопшто не е занемарлива. Додека светот па и Македонија воведуваат санкции кон оваа земја поради воената агресија, познавачите стравуваат и од последиците за македонската економија од воведени контрасанкции кои може да се извесни во иднина. Македонија извезува во Русија земјоделски производи, вино, но и некои други готови производи од прехранбената и фармацевтската индустрија најмногу. Во Народната банка вчера на седница на Советот дискутирале за актуелната ситуација и за последиците за економијата коишто можат да произлезат од натамошниот развој на ситуацијата.



Линк до целиот текст на Фактор.мк.