Четворица пратеници заедно имаат партиите Беса и Алијанса на Албанците и се чини тоа број без кој не може да се обезбеди двотретинско мнозинство за изгласување на уставните измени согласно Преспанскиот договор.



Ова ги засилува барањата на овие две партии за сериозни дополнителни измени на уставот – бришење на зборот „македонско“ од државјанството кое со договорот со Грција беше дефинирано како „македонско/граѓани на Република Северна Македонија, албанскиот јазик како службен да стане уставна категорија, наведување на Албанците како дел од дијаспората, државниот карактер да не биде моноетички…

Биљал Касами и Зијадин Села отворено му порачаа на премиерот дека без усвојување на нивните амандмани „мнозинството ќе треба да размисли да најде уште гласови“(Касами).

Ваквиот став е отворена уцена и јасно говори дека се користи моментот албанската опозиција да протурка измени во уставот кои сериозно го „проблематизираат“ карактерот на македонската држава и нација.  

Не е познато колку бил цврст ставот на Касами на средбата пред два дена со премиерот за која беше соопштено дека – е договорен уште еден состанок веројатно во вторник кога работната група составена од Беса и членови на кабинетот на Заев на хартија ќе ги прецизираат барањата на Касами – по што треба и да се донесе kонечната одлука дали Заев ќе ги прифати и со тоа ќе ги осигура двата гласа на Беса. 

Премиерот во наредните два дена ќе треба да оствари средба и со лидерот на Алијанса Зијадин села во обид да обезбеди поддршка „преспанскиот“ да помине ви парламентот.
Во среда, 9 јануари, почнува последната клучна фаза од измените на уставот, со кои ќе се смени уставното име. 

„Двете опозициски партии од албанскиот блок досега беа конструктивни во однос на процесот на уставни измени. Дел од нивните сугестии се вградени. Сите политички партии силно го поддржуваме процесот на евро и евроатланските интеграции, но со нив ќе разговараме и за оние работи за кои имаат резерви“, изјави македонскиот премиер кој е убеден дека мнозинство – сепак ќе има.