На сите 15 функционери од ДУИ кои на 4 јануари се сликаа собрани во новата зграда на Министерството за политички систем без маски и без дистанца, славејќи го роденденот на нивниот лидер, Али Ахмети, МВР врачи платни налози за неносење на маска.
Од Министерството за внатрешни работи за Фокус потврдија дека , како и за сите граѓани така и за функционерите важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.






