Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
Нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста.
Спасовски изјави дека чека ново име за таа позиција од опозицијата и посочи дека кого и да предложат тој ќе го прифати.
Мизрахи остана на нејзиниот став дека таблата ја затекнала и ако треба ќе плати казна но нема да држи пресови пред табла со „северна“’.





