Пратениците од „Има таков народ“ денеска застанаа зад ставот на нивниот лидер, Слави Трифонов, кој остро се спротивстави на премиерот Кирил Петков, дека Макеедонија би требала да почне преговори со ЕУ,
Трифонов инсистира дека македонската страна не ги исполнила онбврските од Договорот за добрососедство, односно, дека не треба да се менува цврстата позиција се додека Скопје не ги унапреди правата на „бугарите во Македонија“.
„Господинот Трифонов беше крајно јасен во тоа што го кажа. Има работи кои се натпартиски и не подлежат на никакви одредби. Без разлика кој е премиер, Бугарија не се продава“, изјави пратеникот на оваа партија Станислав Балабанов и побарал отсега „„внимателно треба да се следат постапките на премиерот Кирил Петков“.
Тој сепак одбил да одговори на прашањето дали партијата ќе ја напушти коалицијата доколку Бугарија го укине ветото за Македонија, додавајќи дека прво мора да се видат позициите на оние кои носат политички одлуки.
Паријата на Кирил Петков, „Продолжуваме со промената“, ги отфрли шпекулациите за „задкулисните разговори“ со Северна Македонија за укинување на ветото. .„Тајни договори за укинување на ветото нема и не може да има“,изјави претседателот на партијата, Андреј Ѓуров.
Претседателот на пратеничката група на БСП, Георги Свиленски, рекол дека ветото не може да се укине до јуни, бидејќи има многу клаузули во договорот што треба да се спроведат.






